Прекрасниот хотел се наоѓа во спектакуларната зграда, Бурџ Калифа…
Како што можете да претпоставите, секој детал во хотелот го избирал Армани лично, така што во хотелот се чувствува неговата страст кон префинет дизајн. Завршната доработка и материјали, покрај применетите дизаjни ги оставаат гостите без здив, подовите прекриени со јапонски тетами, бањите обложени со зелени бабус мермери од Бразил, како и кожата и ткаенините од Фиренца. Луксузниот дизајн на апартманите, како и архитектурата на хотелот, навистина ги оправдуваат очкувањата. Хотелот поседува 160 различни соби и апартмани.
Во склоп на хотелот, ќе бидете во можност да пробате највкусна храна и речиси сите светски кујни, а искусните бармени ќе ви подготвуваат коктели со врвен вкус.