Атеистите добиваат свој храм во центарот на Лондон!

popara27 јануари, 20121min00
g5ef6

Атеистите кои постојано ги критикуваат верниците и нивните религии, во центарот на Лондон ќе добијат токму она против што се борат, свој храм.

Архитектот и автор на идејата, Ален де Ботон, има намера во соработка со Tom Greenall Architects, во центарот на Лондон да подигне висока кула од 46 спрата. Таа висина е симболична и ја претставува староста на нашата планета од 4,6 милијарди години.

На дното на кулата треба да има златен дел од еден милиметар, кој ќе го одражува постоењето на човековата раса за сите овие години на Земјата.

Кулата веројатно ќе биде во две бои, црна и бела.