
Познатата манекенка Кејт Мос изјавила дека неможе да смисли ништо полошо од популарната социјална мрежа Twitter. Мос, која неодамна потпиша соработка со модната куќа Манго, според која ќе биде нивно заштитно лице, изјавила дека славата е непријатна.
“Мислам дека е ужасно кога ги известувате луѓето што правите. Twitter е одвратен, на кого му е гајле што правам секој можен момент од својот живот”, изјавила Мос.
На прашањето дали некогаш би објавила книга, познатата манекенка вели дека незнае некогаш ќе биде подготвена да го преточи својот живот во пишан збор.
Мос вели дека се обидува да сокрие од луѓето што прави секој ден и сака да ја избегне славата, зошто и е незамисливо дека некој секој пат ги информира луѓето за своите акривности.