Австријка дознала дека починала, а таа била жива и здрава?!
4 декември, 20120
Една жена од Австрија била непријатно изненадена кога дознала дека починала.
92-годишната Австријка се одлучила да провери зошто нејзиното име го нема на избирачки список, а информацијата која ја добила многу ја вознемирила. Нејзиното име не било ставено на списокот, бидејќи наводно таа била почината.
– Се шокирав кога во градското собрание ми рекоа дека сум починала пролетва – изјави бабата на три внучиња за дневниот весник „Heute“.
Потпаролката на советот подоцна ја признала грешката.