Како изгледа Ферари лимузината?

4 декември, 20120

Купувачите пред стоковната куќа Херодс во Лондон не можеа да си поверуваат на очите кога двајца непознати мажи паркираа продолжен Ферари автомобил во кој збира осум луѓе.

Бидејќи немаше простор за паркирање, а автомобилот е огромен, возачот едноставно застана непосредно пред влезот на стоковната.

Ферари лимузината е направена така што моделот Ферари 360 Модена е преполовен, а на средина се додадени седишта. Ферари лимузината е најбрзата лимузина на светот и може да достигне брзина од 267 км. на час. Нејзината цена е 250.000 фунти

Лимузината ја дизајнираше Ден Каули од Манчестер, кој е сопственик на компанијата ”Style Limousines”.

Кога ја продаде лимузината рече дека секое дете сонува да влезе во Ферари, а сега тоа може да го направи со уште седум пријатели, ако има желба за тоа. Исто така објасни дека е многу погодна за божиќни поклони и купување, бидејќи има доволно простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi