Голем јубилеј за Обединетото Кралство, Кралицата Елизабета слави 60 години на престолот.
Во Лондон, денеска се одбележува 60 годишнината од владеењето на Кралицата Елизабета II (85) со Обединетото Кралство.
По повод оваа прослава отворена е изложба со 60 фотографии од секој период на нејзиниот владеење.
Фотографиите се дело на најпознатите фотографи, а портретите од Кралицата се направени за време на најразлични средби, настани, службени состаноци, но и семејни собири.