За Дарлин Мејси (73) работи цела армија нарко дилери меѓу кои и нејзиниот син Џери, кој бил уапсен поради поседување на десетици илјади долари во кеш и скоро еден килограм марихуана.
Кога полицијата влегла во домот на бабата во Оклахома пронашла два килограми наркотици, 276.000 долари во кеш, полуавтоматска пушка и еден пиштол.
Полицијата со години го следела наркокланот, но незнаеле дека на негово чело стои старицата Дарлин Мејси се верувало дека го покривала 40% од пазарот на марихуана во регионот.
„Тоа беше големо изненадување за нас, мора да признаам дека за нејзините години таа е во одлична форма“, изјавил шефот на полицијата Боби Флојд.