Шестмесечната Оливија Нортон кога се родила скоро и да немала хемоглобин, а лекарите изјавиле дека никогаш не виделе такво нешто.
Медицинско чудо или?
Оливија Нортон од Есекс родена е без крв, односно со толку малку хемоглобин, така што тоа што течело низ нејзините вени тешко можело да се нарече крв. Таа имала тежок облик на анемија и лекарите и прогнозирале само два часа живот.
„Бев во 34-тата недела од мојата бременост кога забележав дека бебето не ме клоца. Веднаш отидов на лекар. Итно ме породија со царски рез. Се шокирав кога ја видов Оливија беше бела како дух. Лекарите и извадија крв, а кога пристигнаа резултатите неможеа да поверуваат како уште е жива. Хемоглобинот и беше шест пати помал од нормалното. Веднаш и дадоа трансфузија, состојбата и се подобри и од тогаш нема проблеми. Сега таа е едно убаво румено дете“, изјавила мајката Луиза.