Сестрите кои се сретнале после 67 години!

3 април, 20120
y8i

Џенифер Вилсон и Кетлин Милнс прв пат се сретнале после 67 години, иако цел живот го поминале во иста населба, а како деца си играле во ист парк.

Британката Џенифер Вилсон во својата 67 година ја пронашла својата сестра близначка Кетлин Милнс која цело време живеела во комшии во Јужен Јоркшир.

Сестрите биле раздвоени по раѓањето во 1943 година. Нивната мајка бидејќи ги родила вонбрачно немала право да ги задржи двете, па затоа Џенифер ја дала на жена која живеела само пет километри подалеку.

Патиштата на сестрите често се вкрсувале но тие не биле свесни дека меѓу нив постои некаква врска.

„Не ја губев надежта дека ќе ја пронајдам сестра ми. Еден видовит човек ми кажа пред десет години дека имам сестра близначка и дека наскоро Бог ќе не спои“, изјавила Џенифер.

Пред три години нејзината ќерка се обидела да дојде до податоци  преку сајт за посвоени деца. Не поминале ниту четри месеци ја пронашле Кетлин.

Двете сестри неодамна се сретнале во едно реално шоу и тоа токму во паркот во кој си играле како деца.

„Многу сме среќни. Се гледаме скоро секоја недела, разговараме, пиеме чај“, изјавила Џенифер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi