Берлускони се вери со 27-годишната Франческa

17 декември, 20120
berlusconi

Контроверзниот Силвио Берлускони им става крај на познатите “бунга бунга“ забави, бидејќи тој ја најави својата свршувачка со 50 години помладата Франческа Паскал.

Во интервју во телевизиското шоу “Во живо со Доменика“ , италијанскиот политичар кажал дека официјално е верен со Франческа, пренесе британски Телеграф. Тој за запознал младата Франческа во јули додека таа работела за неговата партија.

“Конечно не се чувствувам толку осамено“, изјавил Берлускони кој за својата избраничка вели дека има 27 години и ги почитува семејните вредности. Според стариот италијанец неговата трета сопруга е убава однадвор, но уште поубава одвнатре.

“Многу сме блиски, многу ме сака и јас го чувствувам тоа“, објаснил медиумскиот  тајкун во вчерашното интервју кој планира да се кандидира за премиер на изборите во фебруари.

Во интервјуто тој бил прашан и за неговите легендарни “бунга бунга“ забави, а тој само рекол дека имало моменти кога бил многу осамен по разводот и смртта на неговата сестра.

Берлускони има пет деца од двата претходни брака. Неговата најстара ќерка е 46-годишната Марина која многу ја почитува Франческа.

Од 1965 до 1985 тој бил во брак со Карла Елвира, а пет години подоцна се оженил со Вероника Ларио, од која се разведе во 2010 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi