Трагично почина тинејџерка: Половина час вдишувала дезодоранс за да се “надува”

17 декември, 20120
batani

Четиринаесет годишната тинејџерка починала во својата соба, додека со другарката се обидувала да се “надува” со вдишување на дезодоранси.

Бетани Едкок (14) трагично настрадала во нејзината соба пред очите на пријателките. Тие експериментирале, исто како неколку други тинејџери на училиште како е да се „надуваш“ со испарувањата од дезодорансот.

Другарката ја предупредила дека тоа е многу опасно, но таа 25 минути го вдишувала испарувањето се додека не се онесвестила и паднала на подот.

Во паника, другарката почнала да вриска и во собата влетал таткото на Бетани, кој и укажал прва помош и викнал амбуланта. Таа веднаш била префрлена во болница, но починала по едне час.

img

Лекарите велат дека вдишувањето на дезодоранс е непредвидливо во смисла на последиците. Некогаш не предизвикуваат последици, некогаш ја пореметува работата на срцето, но секако може да дојде и до смрт.

На Бетани ова не и е прв пат, вдишувањето дезодоарнс било многу популарно меѓу тинејџерите на училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi