Една од најмоќните жени на светот, Опра Винфри покрај подигање на својата телевизиска мрежа OWN, ќе добие уште една голема одговорност. Според објавите на американските медиуми, пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи ја избрале познатата водителка за кума на својата ќерка Блу Ајви. Опра нема свои деца, а учениците во училиштето кое го отворила во Јужна Африка ги нарекува свои деца.
Познатата двојка ја избра Опра за кума, бидејќи последниве години станаа многу блиски со неа, а сакале кумот на нивната ќерка да не биде во крвно сродство со неа.