Без оглед на тоа што неодамна стана мајка, Бијонсе не мирува.
Дали поради тоа што нејзиниот последен албум 4, не поминал најсјајно на топ листите, или не…битно Бијонсе подготвува 2 големи проекти. Продуцентот Рајан Тедер, кој веќе соработуваше со нејзиниот сопруг Џеј Зи, за американските медиуми открил дека Бијонсе планира нов албум за 2012 година. Тој веќе и напишал песна чија тема е мајчинството.
За сега се шпекулира што би можел да биде другиот проект, се претпоставува дека се работи за саундтракот за филмот “Star Is Born”, кој ќе го режира Клинт Иствуд.