Била малолетна проститутка, а сега е позната манекенка!
Пред само неколку години една девојка од Мароко по име Захија Дехар им давала сексуални услуги на француските фудбалери и била малолетна, но денеска истата девојка е позната манекенка.
Девојката Захија Дехар (19), привлекла големо внимание во јавноста, кога признала дека на 16 години се занимавала со проституција и дека познати фудбалери и плаќале за сексуалните услуги.
Денеска таа е позната манекенка, а неодамна ги носеше и креациите на еден од најпознатите дизајнери Карл Лагерфилд.
Во Франција проституцијата е легализирана, но девојките може да се занимаваат со оваа професија само ако имаат 18 години.
Захија на 16 години ги запознала Рибери, Бензема и Гову, а наводно тие и плаќале за сексуалните услуги.
Адвокатите на фудбалерите изјавиле дека тие незнаеле дека Захија била малолетна.
Додека фудбалерите биле посрамотени, животот на оваа девојка тргнал во друга насока.
Таа станала модел за долна облека и ги красеше насловните страници на многу списанија меѓу кои и италијанското издание на “Vanity Fair”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=HdFTwldnJ40
httpv://www.youtube.com/watch?v=KvGXhUHozSs