Поранешниот лидер на Ал Каеда Бин Ладен имал желба да се ожени со Витни Хјустон, напишала во својата автобиографија, поетот Кола Буф, која во 1996 година живеела со Бин Ладен!
-Беше голем обожавател на Витни Хјустон и изрази желба да се ожени со неа. Тој рекол дека сака да и го подари на Витни дворецот кој го поседувал во предградието на Картум, престолнината на Судан. Тој ми рече дека би сакал да ја направи една од неговите жени, вели поетот во автобиографијата “Дневникот на една изгубена девојка.”
-Тој кажал дека Витни е негова животна страст и дека, иако музиката ја смета за зло, еден ден ќе потроѓи многу пари за да стигне до Америка и да организира среба со неа. Постојано зборуваше за Витни, дека е убава и дека има убава насмевка. Тврдеше дека таа е вистинска муслимака на која американската култура и Боб Браун и го испрале мозокот” напишала Кола Буф во својата книга.