Ѕвездата на серијата “Gossip Girl” е уште една во серијата на познати личности кои имаат пробелм со прогонувачи. Млад човек по име Серги Мифлс го дознал мејлот и телефонот на нејзината мајка и почнал постојано да бара и да и испраќа пораки во кои вели дека е “длабоко загрижен за Блејк” и дека мора да и помогне, бидејќи е во неволја.
Актерката вели дека опседнатиот обожавател рекол дека е “метафизички и духовно поврзан со неа”. Мифлс не запрел но после ова, туку во почетокот на февруари се појавил на снимањето на серијата и на обезбедувањето им кажал дека е дојден за да ја заштити Блејк.
Од страв за својата безбедност и безбедноста на својата мајка, малдата актерка побарала од полицијата да издаде забрана за приближување на Серги Мифлс.