Која е таа храна што ги елиминира токсините од нашето тело?

15 февруари, 20120
mmm

Во зима метаболизмот природно се успорува и затоа во организмот се натрупуваат многу повеќе токсини и одпадни материи отколку што треба. Тоа е и главната причина зошто во зима се чуствуваме безволно, депресивно и уморно – токсините во нас! А најдобриот начин за да ги елиминирате токсините од своето тело е со помош на храната. Која е таа храна?

Ќе започнеме со јаболкото, тоа е богато со пектин кој се сврзува со холестеролот и со тешките метали во организмот, а истовремено помага и за разградување на токсините во цревата.

Другата супер храна е авокадото – го намалува нивото на холестерол, ги блокира токсините, кои пак ги уништуваат артериите. Авокадото содржи глутатион кој блокира најмалку 30 различни видови карциногени супстанции, а помага и за детоксикација на црниот дроб.

Цвеклото од своја страна содржи уникатна комбинација на природни компоненти кои го прават идеално средство за прочистување на крвта и црниот дроб.

Зелката содржи многубројни антикарценогени активни материи и антиоксиданси и помага на црниот дроб. Овој зеленчук идеално го чисти дигестивниот тракт и неутрализира група токсини, меѓу кои и некои од димот на цигарите.

Грејпфрутот содржи пектин кои се сврзува со холестеролот и по тој начин ја прочистува крвта. Тој е одлично средство за детоксикација на цревата и има антивирусни својства.

Лимоните се идеални за прочистување на црниот дроб и за целиот организам воопшто, помага на организмот во создавањето на материјата наречена глутатион која помага за елиминирање на многу штетни хемикалии од организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *