Боцвана – најдоброто сафари искуство на светот

28 април, 20120
Elephant at the pool

Од Викторините водопати, до делтата Окаванго и луксузните кампови,  ова незаборавно искуство, со нетрпение чека да биде Вашата животна авантура.

Прва дестинација на овој екстравагантен и авантуристички потфат се, секако Викторините водопади. Со повеќе од 550 милиони литри вода во минута, кои прават фантастичен звук, овој водопад е една од најубавите природни убавини. Она што можете да го искусите во ова опкружување се: банџи скокањето, летот над водопадите, крстарењето по реката Замбези со вечерниот залез на сонцето.

Следно, што ќе го дигне Вашиот адреналин е летот над делтата Окаванго. Не можете да ја посетите Африка, а да не ја почувствувате сласта на дивиот живот. Исто така, покрај летот со хеликоптер, во можност ќе бидете и со брод да  „запливате“ длабоко во моќната делта.

Морате да го посетите и срцето на делтата, таканаречено островот Ханаба и островот Игл, каде што ќе ги видите најубавите и најлуксузни кампови. Тука можете да си дозволите неколкудневен одмор и секојдневно сафари, каде што ќе наидете на слонови, нилски коњи…

Она што овде ќе го доживеете, со сигурност ќе биде најинтересната авантура, која гордо ќе ја раскажувате на Вашите поколенија…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi