Борба за интервју со Пипа Мидлтон! :))))

29 јануари, 20120
image-1-for-royal-wedding-pippa-middleton

Сестрата на британската принцеза Кејт, Пипа Мидлтон, добила понуда од 500.000 долари во војната на американските ТВ станици за нејзиното прво интервју.
Медиумите пишуваат за тоа дека се одвива вистинска војна помеѓу познатите новинарки Барбара Волтерс и Опра Винфри кои прават се за да ја донесат Пипа во својата емисија и да ја имаат еден час само за себе. Таа всушност, е гостин од соништата за оваа година.
Пипа, која ќе донира било каков надомест во добротворни цели, преку ноќ стана сензација преку Атлантикот, откако го шокираше светот појавувајќи се како деверуша на свадбата на нејзината сестра Кејт и британскиот принц Вилијам.
Таа веќе има потпишано договор вреден 600.000 долари за да пишува за случувањата на гламурозните настани, а веќе се појави на повеќе од десет насловни страни на таблоидите во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma