Брак – сајанс фикш’н за Мица уд Струмица

7 јануари, 20120
marriage-proposal

Ај да га оставаме Софчето да си почине (одморе) малко за Бужик; денеска ќe ви расправам за Мица кумшиката 🙂

Некни (пред неколку дена) излезех малко вонка (надвор) на ава (воздух) и среќавам га Мицка у нејни стил с’с сите такрифате ( џиџири-миџири)  на нее: ланчина, 5 каиша испреплетани, само со хируршки зафат може да се извадат, крзно- вештачко- натурлих, нашминкана како шизофреничарка, со нокти – ка покажува накај центаро га греба фасаата на Селект,…  и ми вика „Малеее ти да вииш шо ми се деси! Ај помини после на кааве (кафе), јас аљак (без обврски) с’м, ќе ти расправам. Си викам Мицка па е била авантуристички распуложана, морам да чуум (слушнам) 🙂

И нормално ујдех пуручокта кај нее и почна со уводна реченица за холивудски блокбастер „Терах го трипти за маж!“

Викам „Кој мури Мице, та кога си фати ерген- се сама те глеем… Вика „Чеј ќе ти расправам, Вотевар го викат д’лга и широка e.“

Првио пат бееме у бааро, там го потерах (побарав), ама изгледа ного гласна музика имаше и он беше далдисан (занесен), си намигаа со една увва (убава) момичка и не ма чуја (слушна). Вторио пат бееме на кааве- па иcтио маабет му го направих и некак направи некоо чудна фаца… и некак ного срамежливо ми кажа „НЕ!“ и викам ќе  одам на трета мајка, шо сеее сигурно сигурно сеее, детто изгледа ного е срамежливо! Третио пат викам де да се јавам да виим да не ми каже „НЕ!“ оти лагаах (планирав) да резервирам у ресторант и јавувам му се и ми вика “ако ти часташ- идам “ и тава некак ми дојде како хај-лајт момент и викам си ќе го потерам мисљам оти вреде  и таква јас цела п’на (полна) сама себе одам, зимам го од дома, одаме там, го терам (барам) пак и ми вика “ Слуши Мице, ни сакам да те мувам, ни те сакам за женска, ни па сакам некој пат жена да ми бидаш и плус најмалко сам (сум) десет пати поубав уд тебе! …“

Јас, пијнувам уд каафто, правам „риалити чек“ у глаавта и ѝ викам „Ти мури Мицке имаш ли ак’л (памет)??!! Она, исто како да не ме регистрире, прудолжува, вика „Чеј (чеки) де, он на сливар сливи ќе му продава!!! Земах платих сметката, му го придржах палтто да си го ублече, носих гу дома и му се стопих у прегратки!“

Фацата сигурно не ми сее јадела, ама ај да не га навредам ѝ викам, ако ај Мице мош па уд четврта мајка ќе запале…

httpv://www.youtube.com/watch?v=MzDRiTxfAbI

Убави Божиќни празници на сите!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber