Британците ќе го легализираат геј бракот!

22 ноември, 20120
gay_brak
Британските водачи, Дејвид Камерун и Ник Клег изјавиле дека бракот меѓу хомосексуалните парови ќе биде легализиран поскоро од планираното.
Промените на законот се очекува да се изгласаат во Парламентот околу Нова Година бидејќи премиерот решил да побрза со него.
Истополовите бракови ќе се легализираат кратко пред следните избори,а истите не биле споменати во последниот говор на кралицата, со што се претпоставува дела со оваа легализација ќе се придобиваат гласови.
Извори на британски Дејли Меил дознаат дека целта на премиерот и вицепремиерот е да победат, без оглед на средствата.
’Подобро е сега да го сториме тоа, отколку постојано да го одложуваме’, изјавил вицепремиерот Ник Клег, кој додал дека стабилна основа на секое општество е потребата двајца да се посветат еден на друг.
Премиерот ветил дека законот ќе дозволи истополовите парови да стапуваат во брак во граѓанска церемонија, но нема да алудира и цркавата да ја прифати оваа промена.
Истражувањето кое било спроведено оваа недела покажало дека две третини од гласачите сметаат дека целта на премиерот е да ја ребрендира Ториевската партија во “тренди и модерна“.
И додека премиерот на Обединетото Кралство се стреми да го легализира бракот меѓу хомосексуалци, Цркавата на Англија и Римо-католичката црква се противат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *