Целосно скршени: Ова се водителите поради кои медицинската сестра се самоубила

10 декември, 20120

Тоа требаше да биде интересна шега, велат Мел Грег и Мајкл Кристијан, радио водителите, прв пат во јавно обраќање на јавноста по самоубиството на жената која ја измамија.

Радио водителите Мел Грег и Мајкл Кристијан прв пат се појавија во јавноста откако медицинската сестра, која ја измамија претставувајќи се како членови на кралското семејство, си го одземала животот.

“Сеуште се обидуваме да сфатиме што се случи, да извлечеме некоја смисла од тоа”, изјавил Мајк, а неговата колешка додала: “Се разбира дека не требала да оди толку далеку, тоа требаше да биде мала интересна шега, која пред нас ја направиле многу луѓе, ова не требаше да се случи”.

“За жал, се сеќавам на тој момент многу добро, бидејќи не престанав да размислувам за тоа, откако се случи, а прво што прашав беше дали е мајка”, објаснила Мел со солзи во очите.

“Претпоставуваме дека ќе ни биде затворена слушалката”, објаснил Мајкл и додал: “Тоа требаше да биде шега на наша сметка – мислевме дека поради карикирани гласови ќе бидеме одма одбиени и тоа требаше да биде најинтересно. Во повикот немаше злоба”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi