Цената на успехот!

popara5 април, 20121min00
s2

За што сте мечтаеле? Да имате скапо платена работа, маж кој ќе се грижи за вас или да печалите пари кои не можете да ги потрошите, за да ве ценат, за да сте независни?

Успехот за една жена е вистински неуспех за друга. Тој има многу непријатно лице, ако не гледа во вас. А кога сепак ќе го сретнете, со ужас разбирате, дека нешто друго сте изгубиле. Денес имам работа, имам пари, можам да отидам каде ќе посакам, пријателките ми велат дека сум успешна и слободна жена, сигурно така изгледам од страна. Само во последно време разбирам дека тоа не ми е доволно, зошто јас “успешната“ сум за Велигден сама. Празниците се најужасниот момент кога ќе дојде времето за пресметка. Тогаш се појавува мојата благодарна завист кон оние со семејство, кон оние кои пеат со своите деца под елката, моите пријатели кои мислат дека се неуспешни, моите пријатели кои се гордеат со мојот успех. Кариерата е прекрасно нешто, но во креветот не може да те стопли воопшто. Тие не ни помислуваат дека точно тој дел од нивниот живот е мојот личен неуспех. Сега би дала се да го шетам за раче моето неродено дете, да му славам роденден, да се скарам со сопругот кој го немам…Не сакам да слушам колку напорен може да биде бракот. Успехот е неоходен за среќата, но тој не може да ви ја донесе, зошто среќата се создава од малите на прв поглед нешта, тие немаат ништо заедничко со тоа, светот да е во твоите нозе. Подобро е да има со кого да го споделите празникот, да имате некој кој ве сака, не затоа што си успешна, а затоа што добро кажуваш вицеви. Понекогаш тоа се најголемите, најтешките и најслатките успеси!

Верувајте! Успехот е релативна работа и има многу различни лица! И секогаш има висока цена…цена што мислам не вреди да се плати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma