Чоколаден сладолед

31 март, 20120
Chocolate Ice Cream Recipe

Неопходни продукти:

5 јајца,

1 литар млеко,

половина чаша шеќер,

200 грама рендано чоколадо,

1-2 чаени лажички какао.

Начин на приготвување:

Ставете ги млекото и шеќерот да зовријат, после што се додаваат чоколадата и какаото.

Измешајте ги многу добро јајцата со миксер и сипете во нив малку од млекото за да се затоплат .

Потоа ги исипувате но во многу тенок млаз во врелото млеко при што постојано треба да мешате.

Преместете го садот на тивок оган, при што не престанувате да мешате, се додека не започнат да излегуваат меурчиња.

Одстранете ја смесата од оганот и мешајте повремено, за да не фати кора додека се лади.

Откако ќе се олади сосема, исипете ја содржината во сад за замрзнување и оставете го во фрижидерот додека не замрзне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi