Чоколадна маска за лице со лифтинг ефект

12 февруари, 20120
cc

Чоколадата е богата со флавони, кои многу ефикасно го успоруваат стареењето на кожата, ги измазнува брчките и ги обновува клетките. Тогаш треба ли да не изненадува, фактот што чоколадното искушение одавна го пронашло своето место во козметиката? Различните процедури, како маски и масажи, експресно ја стегаат кожата, ги отстрануваат флеките и отоците и имаат лифтинг ефект.

Приготвување на маската:

Најпрво растопете 70 грама црна чоколада на што треба да се додаде 5 капки масло од гроздови семки, течноста од две ампули витамин Е и една ампула витамин Ц. Смесата се згуснува со додавање на талог од турско кафе, претходно исушено. Сето тоа добро се меша се додека смесата не се изедначи. Додека е уште топла маската се нанесува на темелно исчистено лице. Потоа лицето над маската се покрива со два слоја газа. Легнете, опуштете се и оставете вака маската да делува 30 минути. Ако редовно ја применувате оваа маска еднаш седмично, гарантирано ќе се збогувате со брчките засекогаш! Можеби и не е евтина, но секој денар вреди, верувајте ми!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma