Coco Palace Resort – Поинакво Новогодишно искуство
Размислувате за претстојниве денови и очекувате поинаков Новогодишен дочек? На високите места во туристичките дестинации привлечни за џет-сетот котира ова парче рај, кој не се вклопува со новогодишните елки, црвено-белите чорапчиња за подароци и блескави лампиони, но нуди нешто поинакво, егзотично и луксузно.
Коко палатата е дел од Тајландскиот ресорт кој се наоѓа во Раваи, близу до островот Фукет. Трите главни објекти се стилски уредени, конструирани во духот на Таи и се изградени од квалитетно дрво и луксузна гарнитура. Екстравагантната линија и триаголните изданија се клучната равенка, која во сооднос со разните светла и мирисот на океанот постигнува кулминативен објект кој нуди многу.Убавиот базен на три нивоа вклучува водопад, фонтана, воден масажер и џакузи, а за целосно задоволство, музички ќе бидете покриени од современа аудио опрема. За останатите работи, зборовите би биле непотребни…
Само погледнете што нуди ова место !