Дали се каеме после сексуална авантура?

popara21 април, 20121min00
2

Најновите истражувања покажаа дека за разлика од мажите, жените почесто се каат поради сексуалните авантури. Тие ги премолчуваат  авантурите и тоа не поради тоа што не сакаат да кажат, туку затоа што сметаат дека така е подобро.

Британските научници, спроведоа истражување за чувствата на луѓето еден ден после сексуалната авантура. Се покажало дека 80% од мажите и 54% жени, после секс за 1 ноќ, немаат грижа на совест. Интресно е тоа што мажите по 1 ноќна авантура се чувствуваат посамоуверени и сексуално позадоволни, а и почесто ќе се пофалат на пријателите отколку жените. Истражувањата покажаа дека жените почесто ги премолчуваат авантурите бидејки сметаат дека така е подобро, а не затоа што така сакаат. Сметаат дека е така подобро бидејки се плашат од осуда од друштвото. За жал, ова истражување покажува дека и денес постојат двоструки мерила: доколку мажот успее да намами некоја во кревет, веднаш им се фали на другарите – така што испаѓа фаца и голем љубовник и очекува да го потапкаат по рамо и да му речат: ”Браво , мајсторе!“

Ако пак девојка, направи авантура за 1 ноќ, тогаш е промискуитетна, блудничка, лесна, и “сите ќе го осудат нејзиното развратно однесување”. Затоа и не е чудно што жените ги премолчуваат авантурите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma