Дали се уште мисли на бившата девојка?!

23 март, 20120
nu89

Ако се сомневате дека вашето момче се уште е врзан за поранешната девојка, откријте ја вистината со неколку чекори…

Не штеди лоши зборови за неа – иронично, но вистинито. Тоа што тој ја споменува во негативна смисла не значи дека ја преболел. Напротив. Тоа може само да укаже на неговата емотивна состојба. Таму каде што има лутење и без, има и нерасчистени сметки.

Незнае да ги наведе причините за разделбата – ако за време на некој разговор се спомене таа тема поранешни партнери, бидете храбри и директно прашајте го за причините за нивната разделба. Ако ви го избегнува одговорот, незнае да наведе, или пак ја избегнува неговата улога во прекинот на поранешната врска, тоа може да ви биде знак дека тој се уште нема расчистено ни со себе ни со минатото.

Разговара за вашата иднина – доколку некое момче на самиот почеток од врската не штеди емоции за вас и веднаш прави планови за иднината, мора да ве разочараме дека тоа и не е баш така. Најверојатно тој сака да ја врати атмосферата од предходната врска, која не ја преболел сам, а сега сака да го направи тоа со вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *