Дали сте номофобични?

popara20 февруари, 20121min00
3090880114f3e4aa34e4c6386598942_orig

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека двајца од тројца возрасни анкетирани личности се „плашат” да останат без мобилен телефон.

Истражувањето кое го спроведе SecurEnvoy, пренесува Cnet, покажа дека 66 проценти од испрашаните се плашат дека ќе останат без телефон, што е пораст во однос на од пред 4 години, кога овој вид на фобија прв пат беше идентификувана. Тогаш за номофобични биле околу 50% од испрашаните.

Што се однесува до старосните групи, најголем процент е забележан кај оние помеѓу 18 и 24 години, а потоа кај оние помеѓу 25 и 34, а на трето место на на најномофобични се сместиле оние постарите од 55 години.

Истражувањето покажало и дека жените повеќе ги вознемирува раздвоеноста од телефоните, отколку мажите, но причина за тоа можеби ќе ја пронајдат и во фактот дека помалку жени поседуваат телефон.

Digital Trends пишува дека 41 проценти од испрашаните изјавило дека сака со себе да носи и друг мобилен телефон, за секој случај.

Инаку, терминот номофобија (nomophobia), е склопен од „nomobile-phone phobia”.

Kако вие се чувствувате кога вашиот мобилен не е покрај вас?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag