Дали сте за чизбургер со тартуфи и парчиња злато?

popara22 јануари, 20121min00
cizburger

Чизбургерот е сигурно едно од најпопуларните јадења во целиот свет, а еден ресторан во американскиот град Пасадена тврди дека првиот чизбургер настанал токму во нивната кујна.
Во ресторанот The Rite Spot велат дека кон крајот на 20 –тите години на минатиот век, младиот готвач Лионел Стернбургер случајно му изгорела едната страна од плескавицата која ја подготвувал. “Наместо плескавицата да ја фрли во ѓубре, тој ја земал ја свртел и на неа ставил големо парче сирење со цел да ја прикрие својата грешка и ова јадење го послужил на гостите кои се воодушевиле”, изјавил Пол Литл од стопанската комора во Пасадена.
Од таа причина цела Пасадена оваа недела слави во чест на чизбургерот.
Во последните деведесет години, ова популарно јадење претрпе многу изданија, а еден од најскапите и најпознатите чузбургери во Њујорк кој во 2008 година го претставил ресторанот The Wall Street Burger Shoppe. Овој сендви, за кој ќе издвоите 175 долари се состои од пециво посипано со парчиња злато, плескавица од скапо говедско месо, црни тартуфи, диви печурки, швајцарско сирење и печен црн дроб од гуска.
Доколку мислите дека оваа верзија на чизбургер е претерана, можеби ќе ви се допадне сендвичот кој го смислил сопственикот на еден ресторан во Тексас. Не неговото мени, помеѓу останатото, се наоѓа и чизбургер со пржен сладолед и чизбургер со палачинка. Колку и да ни се чини бизарно, сопственикот на овој ресторан е сигурен во успехот на своите “креативни” јадења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag