Англискиот фудбалер Дејвид Бекам одлучил да се збогува од својот скапоцен лимен љубимец, Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe кој е произведен во ограничен број. Богатиот фудбалер автомобилот го купил во 2008 година за преку 500.000 долари и уште илјадници за дополнително “шминкање” на колата. Особено е избран дополнителниот дизајн на автомобилот и затемнување на стаклата.
Автомобилот е еден од најпрепознатливите возила во Холивуд, а вчера е ставен на продажба на eBay преку компанијата Towbin Motorcars. Бекам во својот возен парк има и посебно изработени Range Rover, Porsche 911 и Jeep Wrangler.