Останете позитивни дури и по време на криза

28 јануари, 20120
zd

Нема ништо позаразно од паниката покрај финансиската криза и нека си признаеме – сите ја чуствуваме на еден или друг начин. Да, грижите ни се безспорно сериозни и постои една голема доза масовна паника која дополнително ја задлабочува сеобштата драма. Но честото дискутирање за проблемите и стравовите не е особено полезно.

Брзи начини да се пребориме со моменталната меланхолија:

Ограничете ги поплаките до минимум – кога ќе чуете дека некој се жали, кажете му дека сте на специална диета, што го исклучува слушањето на мрачни мисли. Ако ова ви изгледа грубо, тогаш едноставно избегнувајте ги ваквите луѓе, за ваше добро. Негативните емоции докажано се пренесуваат како болест.

После тежок ден сите ние имаме потреба од доза позитивна енергија. Динамиката на секојдневието не прави избувливи и не тера да се изолираме од околината. Ете зошто во крајот на денот е потребно да се среќаваме со пријатни луѓе, кои ќе ви пружат подршка и разбирање, од кое имате потреба. Како и негативните, така и позитивните емоции се заразни, па затоа инфицирајте се од вторите.

Дарувајте среќа – во најтешките моменти од животот човекот оди кај човек. Искуството покажало дека кога помагаме и даруваме среќа на луѓето што се наоѓаат во потешка ситуација од нашата, ние самите се чувствуваме подобро.

Општо кажано, психичката нагласа да гледаме од добрата страна на нештата и да ги потикнуваме и оние околу нас да го прават истото е од голема полза.  Примајте ги лошите работи исто како што ги прифаќате и добрите. Истото се однесува и кога некој околу вас постојано се жали на лошата судбина. Често сме без никакво учество во ваквите разговори, но знајте дека ако сакате да предизвикате промена, треба да сте доволно храбри да го сторите.

Секој од нас има свои силни страни но многу често ги потценуваме тие свои црти, а имено тоа е она што ни треба. Луѓето кои се познаваат себе си и ги користат тие свои квалитети потешко запаѓаат во депресивни состојби и се поотворени кон среќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *