Роденденските подароци можат да бидат вистинска главоболка кога треба да израдуваме личност која има многу пари и воглавно се што му треба. Познатиот фудбалер добил скромни подароци, но без оглед на тоа тој бил многу среќен.
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам вчера го прославил својот 37 роденден и на својот Facebook профил објавил фотографии од подароците кои членовите на неговото семејство му ги купиле. Но, што е тоа што го израдувало човекот кој може си дозволи се што ќе посака? На сметките има милиони, се му е достапно, а има и импресивна колекција на автомобили…
Ако веруваме на неговите Facebook статуси, Бекам најмногу се израдувал на потпишаниот дрес од кошаркарот Меџик Џонсон. Дејвид, кој инаку е голем фан на Лејкерс, веднаш ја објавил фотографијата и под неа напишал:
-Најдобриот роденденски подарок некогаш!
Тоа не е едиствениот подарок што го израдувал. Објавил и фотографија од појадокот кој му го подготвиле неговите деца, а под фотографијата напишал:
-Момците утрово ми подготвија роденденски појадок.