Деми Мур очигледно изгубила контрола над својот живот. Откако вчера итно е пренесена во болница, медиумите почнаа да шпекулираат за причините. Извор близок на актерката вели дека Деми Мур неконтролирано се тресела и изгледала како да има епилептични напади. За се, наводно е виновен хелиумот, кој актерката го вдишувала пред нападот. Од вдишување на хелиум човекот станува зашеметен, а тоа наводно е уште еден начин на Деми со кој се обидува да ги заборави своите љубовни и останати проблеми.
Медиумите пишуваат дека една од причините за распадот на нејзиниот брак со Качер била нејзината зависност од лекови. Актерката ги загрижила пријателите кога во последно време нагло изгубила од тежината и паднала во депресија. “Ештон сакаше таа да се погрижи за себе, но таа не сакала. Нејзиното семејство и пријателите се многу загрижени. Деми е во тотален хаос. Нејзините пријатели приметиле дека нешто не е во ред уште минатата година. Не можела да спие и се чини дека неможела ниту да јаде”, изјавил близок извор.
Во последно време Деми постојано се забавува, а брзото темпо сега и се одби од глава. Нејзината ќерка Румер пристигнала во болницата кога нејзината мајка била примена, а набрзо е забележана пред болницата како вознемирено телефонира и пуши цигара. Нејзиниот некогашен портпарол открива дека Деми во времето кога работел за неа, имала проблеми со алкохолот. “Се сеќавам дека уште тогаш имаше проблеми. Тоа беа 80-тите години. Но, таа беше прекрасна, шармантна и многу амбициозна. Мислам дека зависноста е тешка болест, никогаш неможеш целосно да се опоравиш”, изјавил Мајкл Левин.