Денес само Небото ми е граница!

popara14 февруари, 20121min01
1

Моите крила се моите мечти…Оние мечти кои беа наречени невозможни, мечти во кои никој не вереваше. Никој, освен мене. Не се откажав од нив, макар да беа ставени во групата „нереализирани“. Верував во нив. Продолжив да мечтаам. Летам високо над злобните, тесногради луѓе, кои не поверуваа во мене и ги ограничија моите мечти со невидливи граници…

Во секој од нас се раѓаат и умираат безброј мечти, за некои од кои се бориме и покрај се, а другите ги оставаме да згаснат неостварени. Многу луѓе се откажуваат од своите соништа поради стравот од неуспех, неразбирање, еден безкраен леден страв. Не треба да се плашиме да мечтаеме зошто тоа е храна за душата и наша опора во најтемните денови и ноќи. Заборавајќи на мечтите, човек веќе изгубил.

Оние кои не уверуваат дека нашите мечти се невозможни, се само луѓе, уморени од животот, кои веројатно жалат што се откажале од своите сопствени. Губејќи ја способноста да мечтае, човекот станува едно досадно и злобно суштество, што го вгорчува не само сопствениот живот, но и животот на околните. Не верувајте во нивните зборови. За мечтите и соништата нема граници!

Јас не ги слушав горчливите и злобни зборови, кои ме убедуваа да се откажам од моите мечти. Верував во нив и продолжив да мечтаам. Ги разбив оковите од моите мечти и сама им ставив граница. Небото ми е граница. А тоа е…безкрајно!

One comment

  • Климентина

    14 февруари, 2012 at 21:25

    Текстовите се убави, само нема да биде лошо пред да се објават да ги прегледа лектор!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag