Девојката ја врзал за кревет, со денови ја силувал, па ја продал!

23 декември, 20120
silvanje

Две недели траел пеколот на 27 годишната девојка од Зеница, која со денови била силувана од 34 годишник, кој ја врзал за кревет. Мажот на крајот ја продал несреќната девојка на друг маж.

Полицијата го уапсила мажот и го обвинила за противправно одземање на слободата, силување и наведување на проституција. Тој сега се наоѓа еден месец во притвор.

Мажот од порано и е познат на полицијата по разните казнени дела, а според неофицијалните информации, се оженил 36 пати, а сопругите ги продавал за пари на други мажи.

Несреќната девојка која работела како келнерка, раскажала дека тој ја врзал со јаже и бакарна жица за креветот, па и ставил селотејп преку устата и ја терал на секс, за после да ја продаде за 90 конвертибилни марки.

За време на примопредајата на една бензинска станица, се расипал автомобилот во кој се возеле тројца мажи па девојката успеала да побегне и да пријави во полиција.

Уапсениот маж се бранел дека девојката била негова невенчана сопруга и дека сето тоа го измислила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber