За девет месеци ослабнал неверојатни 150 килограми!
Џејмс Мејсон бил толку дебел, што докторите му прогнозирале дека ќе живее уште само пет години. Порадо прекумерната тежина имал сериозни здравствени проблеми.
На своите 27 години имал околу 270 килограми. Носел XXXXXXXXL големина на облека. Се хранел многу нездраво, а вели и дека работата како продавач на половни автмобили дополнително го направила пасивен.
Одлучил да ја напушти својата работа, да се пресели во Тајланд и да се зачлени во нивниот кик бокс камп. На почетокот му било тешко и само да шета околу кампот, но набрзо влегол во сериозни тренинзи.
За девет месеци, Џејмс ослабнал речиси 150 килограми!
Тоа воопшто не било лесно, во текот на првите три месеци бил хоспитализиран и ризикувал да ја изгуби ногата. За среќа, се добро се завршило.
-Пријателите сега често поминуваат покрај мене и не ме препознаваат, вели Џејмс и додава дека неговите родители биле целосно збунети кога го здогледале на аеродромот.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OM61tnSzY8M