
Ксенија Чумичева, модел и девојка на возачот на Формула 1, Фернандо Алонсо, поднела тужба против веб страната од САД која нуди ескорт девојки за 1.105 долари на час, бидејќи тиа објавиле и нејзина фотографија и ја именувале – Џули.
Поранешната придружничка на Мис Швајцарија изјавила дека била запрепастена откако на страната Fantasy видела своја фотографија на која е оскудно облечена и под која пишува Џули.

Чумичева е претставена на потенцијалните клиенти во Њујорк како “италијанска русокоса ВИП супермодел”.
За швајцарски портал изјавила дека нема апсолутно никаква врска со страната Fantasy и дека тоа што и е направено е апсурдно и навредливо.

“Користењето на моите фотографии на ваков начин е сериозен напад на мојот углед”, изјавила Ксенија.
“Јас сум згрозена и им кажав на моите адвокати да бараат значителна оштета”, додава Ксенија.

Фотографиите на овие убавици кои се злоупотребени ги снимил фотографот Адам Паркер за потреби за рекламни кампањи, а Fantasy веројатно ги украл од интернет.

