Диетата Окинава за брзо слабеење и квалитетен живот

30 март, 20120
d

Диетата е базирана на режимот на исхрана на група возрасни жители од островот Окинава, Јапонија. Островот е познат по најголемиот број столетници во светот и луѓе со најдобро здравје.  Истражувањата покажуваат дека месните жители на Окинава кои јадат традиционална храна на островот, имаат идеална телесна тежина, болестите на срцето во споредба со другите реони во светот се со 80% помалку, а рак со 60% помалку.

Диетата ветува дека ќе ослабнете, ќе живеете подолго и нема да се чувствувате гладни додека трае.

Диетата ја дели храната на четири основни групи:

Најлесни – зеленчук и овошје

Лесни – млечни производи, риба, бело месо и кафеав ориз

Средно тешки – црвено месо

Многу тешки – пржена храна и десерти

Оваа диета ги исклучува последните две групи наполно, и се состои само од храната што припаѓа на првите две групи, најлесната и лесната храна. Нема никакво ограничување на количините, а диетата може да трае и еден месец. Ако веќе се одлучувате за диета, тогаш изберете ваква или слична, што ќе има позитивен ефект и на вашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *