Потребни состојки:
10 домати
2 конзерви туна
1 главица кромид
2 кисели краставички
3 лажици мајонез
Припрема:
Доматите измијте ги, исечете ги врвовите и со лажичка извадете го семето и малку од меснатиот дел.
Туната сипајте ја во една чинија иситнете ја, додајте го извадениот дел од доматите, ситно сечкан кромид и ситно сечкани краставиците.
Добро измешајте и со оваа смеса полнете ги доматите. Поклопете ги со извадените врвови, а секој домат украсете го со малку мајонез. Добар апетит!