Дознајте што всушност ќе се случи денес во 12 часот и 11 минути…

popara21 декември, 20121min00
kraj na svetot

Денес, наводно ни доаѓа крајот на светот. Дали ќе дојде или не, ништо не не спречува на таа сметка малку да се забавуваме, тоа го направи тимот на Твитер. Погледнете ги фотките, но и дознајте што всушност ќе се случи денес во 12 часот и 11 минути.

Датумот 21.12.2012 е  датумот од кој многумина стравуваат верувајќи дека е крај на светот, апокалипса, напад на вонземјанци, смртоносна соларна бура и уште некои сценарија за крајот на светот. Но, некои со потенцијалниот крај на светот се носат на хумористичен начин, особено оние од Австралија и Нов Зеланд каде крајот на светот се уште не дојде.

Фотошоп е популарна компјутерска програма за овие шегобијци, па на социјалните мрежи одлучиле да го предупредат останатиот дел од светот за ужасите кои ќе се случат денес и кои до крајот на денот ќе се случат во целиот свет. Метеори, интергалактички портали, чудовишта, цунами…Нема што нема на овие креативни дела.

Kako je u svijetu izgledao smak svijeta (Foto: Twitter) - 3

Kako je u svijetu izgledao smak svijeta (Foto: Twitter) - 4

Kako je u svijetu izgledao smak svijeta (Foto: Twitter) - 6

Kako je u svijetu izgledao smak svijeta (Foto: Twitter) - 5

Дури и НАСА ‘потврдила’ дека денес ќе се случи нешто необично. ‘Денес, доцна попладне, небото ќе биде многу мрачно. Се работи за еден интересен феномен кој го нарекуваме ‘ноќ’, стои на еден духовит постер кој сепак изгледа дека не потекнува од НАСА.

Kako je u svijetu izgledao smak svijeta (Foto: Twitter) - 1

А што ќе се случи денес во 12 часот и 11 минути по нашето време?

Одговорот е многу едноставен: доаѓа зимата! Зимата aстрономски почнува токму во моментот за кој го најавуваат крајот на светот. Случајност?