Џастин Бибер напишал песна за жената кoja тврдеше дека носи негово дете!
25 април, 20120

Откако Марија Џитер тврдеше дека родила дете на Џастин Бибер, што се покажа како неточно, младиот пејач и посветил песна.
“Напишав песна за неа. Зборуваше дека родила мое дете. Имам неколку песни кои зборуваат за тоа како се чувствував кога овие гласини се проширија во јавноста и додека сетоа тоа траеше”, изјавил 18 годишниот пејач.
Додал дека песната ќе ја објави на идниот албум “Believe”.
Да се потсетиме, Марија тврдеше дека детето кое го родила е на Цастин, а дека лаже утврдил ДНК тестот. Подоцна признала дека татко на детето е нејзиниот поранешен дечко.