Додека медиумите последниве денови пишуваа дека во врската не им цветаат рози, Џастин Теру го изјавил спротивното. Тој вели дека врската со Џенифер Анистон го прави среќен.
Актерот , режисер и сценарист почнал да се забавува со ѕвездата на “Пријатели” во мај минатата година, а заедно го снимиле и филмот “Wanderlust”.
“Јас разбирам дека постои љубопитност за нашата врска, но покрај тоа што ќе ви кажам дека сум многу среќен, не сакам повеќе ништо за тоа да зборувам”, изјавил Теру, пренесуваат американските медиуми.
Двојката пред пет месеци се преселија во заедничката куќа во Бел Ер, а Џенифер неодамна ги демантираше гласините дека очекуваат дете. Анистон и Теру за сега се грижат само за кучето кое го нарекоа Софи, за кое Џастин вели дека е “најслатко мало куче кое некогаш сте го виделе”.