Џејмс Камерон постави Гинисов рекорд за најдлабоко нуркање

popara29 март, 20121min00
ginis kameron

Познатиот режисер Џејмс Камерон влезе во Гинисовата книга на рекорди откако со своја сопствена подморница се спушти на длабочина од 11.000 метри.

Камерон во неделата се нурнал со мини-подморница која лично ја проектирал до дното на најголемата длабочина на планетата, спуштајќи се низ темните води на Пацификот на длабочина од 11 километри, потег кој ги зачуди и научниците.

„Нешенел џиографик“, кои делумно ја спонзорирале експедицијата, објавија дека Камерон се задржал на дното на океанот 20 минути.

Експедицијата е планирана тајно цели 7 години, а подморницата е пловен објект од 7,3 метри, кој го свитка телото во челичната капсула со ширина од само 109 см и едноставно паѓа во темно корито познато како „Челиџер дип“.

„Штотуку пристигнав на најдлабоката точка на океанот“, напиша Камерон на пораката на Твитер во неделата наутро. „Допирањето на дното никогаш не било толку добро. Едвај чекам да го споделам со вас она што го гледам“.

Камерон на дното направил фотографии и 3Д снимки за неговиот најнов документарец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma