Да се биде среќен…Кога ако не сега?

popara29 март, 20121min00
s2

Се залажуваме и сами себе се убедуваме дека животот ќе биде подобар кога ќе си најдеш партнер, кога ќе си најдеш работа, кога ќе се омажиш, кога ќе имаш дете…

После се тревожиш од тоа, дека децата ти се сеуште мали и се надеваш се да се среди, кога ќе пораснат…

Следуваат грижите за тоа, дека тие стануваат тинејџери и ти треба некако да се справиш со нив. Веруваш дека ќе бидеш посреќен, кога ќе излезат од „тин“ годините…

Се тешиш дека животот ќе биде подобар кога ќе направиш голема кариера, кога ќе си купиш убава кола, кога ќе одиш на одмор, кога ќе отидеш во пензија…

Но вистината е, дека нема подобро време за да се чувствуваш среќен, од СЕГА!!! Ако не сега кога?

Животот секогаш ќе биде полн со предизвици. Подобро е да се соочиш со реалноста и да ја прифатиш таква каква што е и да се стремиш да бидеш среќен сега. Зошто „кога“ и „утре“ се несигурна почва…

Постојано си мислиш дека еве уште малку, да се случи ова или она…и дека веднаш после тоа ќе заживееш.  Вистината е дека сите тие препреки се дел од вистинскиот живот.

Зошто нема пат кој води до среќата. Среќата – тоа е самиот пат.

Запомни:

Вистинската среќа е во самото патување, а не во крајната цел! И нема друго време и место, во кое можеш да се чувствуваш среќен освен…ТУКА И СЕГА!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma