Џенифер и Марк се појавија заедно држејќи се за рака?!?!

15 јануари, 20120
2012 Univision Winter TCA Breakfast

Џенифер Лопез и Марк Ентони ги изненадиле присутните на промоцијата на заедничката реалити програма во Калифорнија кога се појавиле држејќи се за рака.

Пејачката, која минатата година најави развод по седум години брак, признала дека ужевале додека работеле заедно.


Иако по објавувањето на  разводот имаа доста несогласувања, а паднаа и некои тешки зборови, поранешните сопружници очигледно повторно се зближиле создавајќи го шоуто Q’Viva, бидејќи цело време се допирале и прегрнувале.

Марк на промоцијата се однесувал како вистински џентлмен, па така и на Џенифер и помогнал да се качи на бината давајќи и рака, а додека седеле еден покрај друг, и се восхитувал на нејзиниот накит.
Нивното однесување предизвика многу шпекулации за тоа дека парот сака да остави порака до сите дека во блиска иднина може да се очекува нивно помирување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *