Џулија Робертс сади зеленчук и чува кокошки?!
2 април, 20120

Актерката Џулија Робертс се обидува да живее здраво и еколошки свесно.
“Пет –членото семејство прави многу ѓубре. Затоа имаме кокошки кои се грижат за храната која ја фрламе. Не употребуваме хартиени производи како салфети или кеси од продавница. Имаме соларна енергија, а јас возам автомобил на биодизел”, се пофалила актерката.
Изјавила дека таа самата одгледува зеленчук за своето семејство.
“Имаме мала градина со зелена салата. Не сакам да купувам храна од пластични кутии, од тоа ми се лоши”, зијавила 44 годишната актерка и додала дека не користи никакви социјални мрежи.