Единствената жена која работи како машки модел

26 ноември, 20120
CaseyLegler

Се чини дека полека, но сигурно почнува ерата на владеењето на андрогените модели. По Андреј Пејиќ, во центарот на вниманието е Кејси Лаглер.

Фактот дека машки модели рекламираат и носат женска облека и не е веќе некоја вест. Но жена која позира исклучително во машка облека привлекува големо внимание.

Станува збор за Кејси Лаглер. Оваа нова сензација е навистина ретка глетка. Кејси ги брани боите на модната агенција Форд.

Таа звучи како жена кога зборува, но нејзиниот изглед може да ве залаже. Кратката фризура, тетоважите, начинот на облекување како и нејзините гестови. Кејси дефинитивно може да пројде како маж.

“Колку што знам нема други жени модели кои работат исклучително како машки модели. Мојата желба е сите да бидеме она што сме” – изјави Кејси за магазинот Time.

Нејзината кариера почна сосема случајно, кога еден нејзин пријател ја замолил да позира во машка облека за магазинот Muse. Останатото е историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *