Има многу причини да веруваме дека лековитата сила на печурките не е само мит. Најсилните докази за тоа се добиени преку низа истражувања за ефектетот на печурките врз раковите клетки и имуниот систем. Ова не не изненадува имајќи во предвид дека печурките се богати со биоактивни соединенија вклучувајќи ги и антиоксидантите. Така например при лабараториски испитувања печурките рејши и шијтаке како и некои други врсти допринесуваат за спречување на распространувањето на раковите клетки. Според други анализи печурките помагаат при грип и компликации од вируси.