
Секоја година компанијата за антивируси McAfee објавува листа на „најопасни“ славни личности на интернет, а оваа година на врвот се најде ѕвездата од „Хари Потер“ Ема Вотсон, која во серијалот ја толкува улогата на Хермиона.
“Доколку пребарувате на интернет за да читате, гледате и симнувате статии и слики од Ема Вотсон, постои 12.6% шанса дека ќе се најдете на интернет страница која е полна со вируси и програми“, велат од компанијата.
На второ место се најде Џесика Биел, додека на трето се најде Ева Мендез. Меѓу „најопасните“ 10 славни личности се најдоа и Селена Гомез, Хали Бери, Меган Фокс, Шакира, Камерон Дијаз, Селма Хајек и Софија Вергара. Минатата година на првото место на оваа листа се најде Хајди Клум.